Пожари беснеат во Пијанечко-малешевскиот регион
Алармантната состојба со пожарот во село Саса во Македонска Каменица полека се стабилизира. Синоќа околу 23 часот започна акција за евакуација на населението кои живеат во близина на маалата Траканица и Аџиите. Според информации од самиот терен, во страшната огнена стихија селаните земале што може спаси и бегале од местото на пожарот.
Пожарникари кои се вратиле од гаснење на пожарот во 4 часот наутро велат дека состојбата се нормализирала со тоа што огнот се смирил. Според нив, се поизвесно е дека...