Смешарики и «Академия Эстрада Тинс» выпустили трек «Попурри»
В Москве мальчик хотел покончить с собой после ссоры с отцом
Организовавший убийство адвоката экс-глава поселка предстанет перед судом
Лавров: условувањето на Западен Балкан, погрешна политика на Брисел
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва не се противи на приближувањето на Србија и на земјите од регионот кон Европската унија, но оти изборот пред кој Брисел ги става земјите кандидати, или Русија или Запад, е многу погрешна политика. Во интервју за српската новинска агенција Бета, Лавров вели дека Запад го погазил џентелменскиот договор за неширење на НАТО кон границите на Русија и оти сега во таа игра сака да го вовлече и Балканот. Министерот Лавров на 21 и 22 овој месец ќе престојува во посета на Србоја.