Голоб победи на изборите во Словенија, но нема мнозинство
Либералната партија на словенечкиот премиер Роберт Голоб освои најмногу гласови на парламентарните избори одржани вчера, но ја загуби владејачката мнозинска позиција заедно со коалициските партнери од левиот блок, покажуваат првичните официјални резултати.
Движењето „Слобода“ (ГС) на Голоб освои 28,54 отсто од гласовите и 29 пратенички места, откако беа пребројани речиси сите гласови, соопшти државната изборна комисија. Опозициската Словенечка демократска партија (СДС), предводена од десничарскиот поранешен премиер Јанез Јанша...