Предлог-законот за заштита од пушење на владина седница во вторник
Предлог-законот за заштита од пушење во вторник, 24 март ќе биде на седница на Влада, а потоа ќе биде процесиран во Собрание, најави министерот за здравство, Азир Алиу.
„Сметам дека за еден, максимум еден и пол месец, законот ќе биде процесиран. Немаме ниедна отворена точка што не е завршена. Имавме неколку состаноци со сите заинтересирани страни, ги анализиравме сите забелешки и од научна гледна точка и од економски, инфраструктурен, социјален и здравствен аспект и со задоволство може да кажам дека сите отворени прашања се затворени“...