Израелската војска потврди „ограничени“ копнени операции во Либан
Израелската војска во последните денови започна „ограничени и насочени копнени операции“ на југот од соседен Либан, соопшти војската во понеделник, 16 март. Целта е да се таргетираат активните членови на милицијата Хезболах, поддржана од Иран, во областа, како и нејзината инфраструктура, соопшти војската.
Се вели дека копнените операции се „дел од пошироки одбранбени мерки“ за заштита на жителите во северен Израел.
„Тајмс оф Израел“ во текот на викендот објави дека израелските копнени трупи убиле...