Земји од Персискиот залив пријавија нови напади со ракети и беспилотни летала
Неколку земји од Персискиот залив, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Кувајт, Обединетите Арапски Емират(ОАЕ) и Катар пријавија нови напади со ракети и беспилотни летала во тековната војна со Иран.
Саудиското Министерство за одбрана соопшти дека шест балистички ракети биле пресретнати и уништени над покраината Ал-Карџ доцна на 14 март.
Официјални лица, исто така, изјавија дека претходно биле пресретнати неколку беспилотни летала, главно во источниот дел од земјата.
Во областа Ал-Карџа се наоѓа и воздухопловната база Принц Султан...