Само 8 проценти од Ромките во Северна Македонија се вработени
Само 8 проценти од Ромките се вработени, а повеќето од нив се соочуваат со дискриминација на работното место, покажува Извештајот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) за периодот 2022-2024 година.
„Ромките често работата во неформалниот сектор, без социјална и здравствена заштита и со ограничен пристап до мерки за вработување. Овие податоци потврдуваат дека дискриминацијата кон Ромките не е само родова или етничка, туку е меѓусебно испреплетена и со сиромаштијата и со ниското образование.