Тројцата обвинети полицајци се изјаснија дека не се виновни за случајот „Пулс“
Тројцата обвинети полициски службеници од Кочани денеска, 3 март пред Судот изјавија дека не се чувствуваат виновни по обвинението што произлегува од постапувањето по контроли поврзани со дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде на 16 март минатата година во пожар загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Како што јави МИА, со читање на обвинителниот акт во Основниот кривичен суд – Скопје денеска започна судскиот процес против тројцата полициски службеници од Полициската станица во Кочани, обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување...