Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска - Давкова за утре - 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска - Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Согласно последниот развој на безбедносната состојба таму, претходно денеска Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...