Шест лица под истрага за марихуаната во Северна Македонија и Србија
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори истрага за шест лица поврзани со заплените на марихуана во Северна Македонија и Србија.
Тие се осомничени за кривичното дело „неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“.
ОЈО ГОКК тврди дека осомничените, заедно со други засега неидентификувани лица, во 2025 година се здружиле со цел неовластено да продаваат наркотична дрога. Според обвинителството...