Пентагон за РСЕ: Нема промени во распоредот на американските сили во мисијата КФОР на Косово
Службеник на американското Министерство за одбрана изјави за Радио Слободна Европа (РСЕ) дека во моментов нема никакви промени во распоредот на американските сили.
„Денес немаме ништо ново за објавување во врска со дислокацијата на силите“, наведува тој во писмен одговор.
РСЕ побара коментар од американското Министерство за одбрана по објавата на американскиот Политико повикувајќи се на четворица дипломати од НАТО, дека САД побарале од Алијансата да ја намали својата екстерна активност, вклучително и во мировната мисија на Косово, КФОР.