Општините бараат уште пет години за легализација на дивоградбите - не се знае колку се ни каде се
Општините бараат уште пет години грејс период за да си ја завршат задачата стара петнаесет години за легализација на дивоградби, ама не знаат точно колку нерешени предмет имаат. Тие преку иницијатива на Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС) бараат пролонгирање на законскиот рок за решавање на предметите до 2031 година, но без конкретна бројка, без анализа и без јасна и јавна проценка за обемот на проблемот за кој бараат измени во законот за постапување со бесправно изградени објекти.