Опозицијата бара повлекување на законот за високо образование, Јаневска вели дебатата продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование, и покрај барањата на опозициските пратеници, кои предупредуваат дека предложените решенија можат да ја нарушат универзитетската автономија и да воведат поголема државна контрола врз високото образование.
Одговарајќи на прашање од пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, Јаневска рече дека јавните расправи сè уште се во тек на универзитетите и дека текстот е објавен на платформата ЕНЕР...