Еден мртов и двајца ранети во напад со нож во Сиднеј
Едно лице е убиено, а двајца други се тешко повредени синоќа во напад со нож во Сиднеј, објави ДПА, повикувајќи се на полициско соопштение.
Службите за Итна помош биле повикани во предградие западно од Сиднеј околу 10 часот по локално време поради пријави дека маж избодел неколку луѓе и избегал, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс.
Нападот се случил на прометна улица. Медицинските лица им пружиле помош на три лица со тешки повреди, вклучувајќи маж на возраст меѓу 30 и 40 години, кој починал на лице место...