Протести и контрапротести во Србија на Денот на државноста
Студентите со блокади организираат протестен митинг во Крагуевац на Денот на српската државност, кога во тој град во централна Србија во 1835 година беше прогласен Сретински устав - првиот современ српски устав.
Во исто време, на околу 50 километри од Крагуевац, во Орашац, се одржува централна државна церемонија по повод Денот на државноста, предводена од српскиот премиер Ѓуро Мацут.
Неколку илјади луѓе на протестот во КрагуевацПротестниот митинг кој е организиран од студентите започна со собир во Крагуевац.