Закон за високо образование: Борба меѓу универзитетската автономија и политички агенди
Предложениот закон за високо образование ја продлабочи дилемата дали универзитетите допрва ќе добијат поголема автономија, или пак, таа постепено ќе почне да бледнее. Дебатата веќе почна и ги подели мислењата.
На повеќе од сто страници се срочени новите одредби кои ќе донесат промени во правилата за студирање и начините на функционирање на универзитетите во Сееверна Македонија. Сите тие се дел од новиот Закон за високо образование, а покрај него, ресорното министерство го објави и Предлог-законот за квалитет во високото образование и науката.