ЕУ го поздрави формирањето на новите институции во Косово, најави средба меѓу лидерите на Приштина и Белград
Високата претставничка на Европската Унија за заедничка надворешна политика и безбедност, Каја Калас, го поздрави формирањето на новите институции во Косово и најави дека наскоро ќе се одржи состанок на лидерите на Србија и Косово како дел од дијалогот за нормализација на односите.
„Ова е нов моментум за напредок во односите ЕУ-Косово и во дијалогот меѓу Белград и Приштина. Подготвена сум наскоро да бидам домаќин на состанок на високо ниво“, рече Калас на X.
Калас ја презеде функцијата шеф на европската дипломатија во декември 2024 година...