Договор за повисоки плати, се чека одлука од синдикатот
Владата го прифати барањето на УПОЗ но не во целост, но важно е дека се прифати да се исплаќаат додатоците на плати за работниците во државната управа и правосудството, изјави претседателот на синдикатот Трпе Деаноски по денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски и владини претставници.
„Додатоците ќе бидат на неколку години, на 3 рати, по 8 проценти за жал, не по 10. Пак ќе повторам за жал, не ги добивме минатата година, меѓутоа еве Владата прифати да ги исплаќа од сега со почеток од месец март...