Од 10 април целосно ќе се воведе новиот систем за влез во ЕУ
Сите земји - членки на Европската унија (ЕУ) ќе мора да го воведат системот за влез/излез (ЕЕС) на сите свои гранични премини од 10 април и да ги регистрираат сите државјани на трети земји што ја преминуваат границата, објави Европската комисија(ЕК).
ЕЕС е автоматизиран систем што го заменува рачното ставање печати на пасошите за државјани кои не се членки на ЕУ и влегуваат во шенген зоната. Системот евидентира биометриски податоци - отпечатоци од прсти и фотографија од лице - како и лични податоци и датуми на патување...