Ирански дрон соборен во близина на американскиот носач на авиони во Арапското Море
Американската војска собори ирански дрон кој „агресивно“ се приближувал кон носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ во Арапското Море, соопшти американската војска на 3 февруари.
Иранскиот дрон „Шахед-139“ летал кон носачот на авиони „со нејасна намера“ и бил соборен од американски борбен авион Ф-35, се вели во соопштението.
„Борбен авион Ф-35Ц од носачот на авиони „Абрахам Линколн“ го собори иранскиот дрон во самоодбрана за да го заштити носачот на авиони и персоналот на бродот“, изјави капетанот на американската морнарица Тим Хокинс...