ССМ најави блокади на Собранието, Стопанската комора и Владата поради минималната плата
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре во 11 часот ќе достави иницијатива до Собранието за измени и дополнувања на Законот за плата и други надоместоци на пратениците и на другите избрани и именувани лица, најавија од синдикатот.
Воедно, од ССМ информираат дека поради, како што велат, игнорантскиот однос на пратениците кон барањата за зголемување на платите, преминуваат во втора фаза од синдикалните активности, која вклучува блокади на институции.
На 10 февруари се најавени блокади што ќе започнат пред Собранието...