Кога судија удира по џебот и по слободата на новинарите
Веќе две години, новинарката Лиридона Вејсели е принудена да оди во судовите во Тетово и Гостивар затоа што добива тужби од судии заради злоупотреба на лични податоци во нејзините новинарски известувања. Вејсели која известува за судските предмети од јавен интерес, деновиве и самата се најде во медиумските извештаи откако беше казнета со 700 евра бидејќи во своја објава споменала име на судија од Основниот суд во Тетово.
Вејсели поднела жалба до Апелација и додека очекува ослободување од обвинението...