Советот на Европа го затвора постмониторинг-дијалогот со Северна Македонија
Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) на својата јануарска сесија изгласа Резолуција за затворање на постмониторинг-дијалогот со Република Северна Македонија.
Со ова Собранието одлучи да продолжи да ги следи случувањата преку својот механизам за редовен периодичен преглед.
Во текстот на Резолуцијата, подготвен од известителите Сибел Арслан од Швајцарија и Џозеф О’Рајли од Ирска, се наведува напредокот на земјата во владеењето на правото, заштитата на човековите права, демократијата...