Работниците утре на протест за повисоки плати
Сојузот на синдикати на Македонија денеска ( 27 јануари) ги повика сите оние кои не се задоволни од платата да се приклучат на утрешниот протест организиран против незголемувањето на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра.
Аргументи има многу, изговори нема, 200 илјади луѓе живеат со плата под 30.000 денари, изјави денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.
Утрешниот протест, како што посочи, е поради „игнорантскиот однос на Владата и на работодавачите кои не се...