Протест и бојкот на наставата на неколку факултети во Нови Сад
На кампусот на Универзитетот во Нови Сад, во тек е протест на студентите кои најавија бојкот на наставата на неколку факултети и високи училишта во тој град.
„Причината за протестот и бојкотот е кршењето на автономијата на Универзитетот, насилството врз студентите на Филозофскиот факултет и случајот со професорката Јелена Клеут, на која, и покрај едногласната поддршка од стручните и изборните совети, незаконски ѝ беше одбиен избор на позиција од страна на Сенатот на Универзитетот, по што ѝ беше прекинат работниот однос“...