На огласот за државен јавен обвинител досега пријавени четворица кандидати
Вкупно четири пријави пристигнале на огласот на Собранието за јавен обвинител на Република Северна Македонија заклучно со 26 јануари.
Од собраниската прес-служба потврдуваат дека до архивата на Собранието се поднесени четири пријави за оваа позиција, но не откриваат детали кои се подносителите.
Рокот за пријавување во согласност со законот истекува денеска на полноќ.
Својата кандидатура за огласот за јавен обвинител на Република Северна Македонија, што го распиша Собранието, досега ја потврди поранешниот претседател на Основниот суд Скопје...