Бура во САД остави 230.000 луѓе без струја, откажани илјадници летови
Повеќе од 4.000 летови беа откажани во САД пред огромната зимска бура која веќе ја прекина електричната енергија на повеќе од 230.000 луѓе дури до Тексас на запад и се закани да ги парализира источните држави со обилни снежни врнежи, јави Ројтерс.
Метеролозите рекоа дека снег, замрзнат дожд и опасно ниски температури ќе ги зафатат источните две третини од земјата во недела и во деновите потоа.
Нарекувајќи ја бурата „историска“, американскиот претседател Доналд Трамп на 24 јануари одобри прогласување...