Државата може да иницира независен мониторинг на Цементарница Усје
41-годишниот Гоце Јованчевски пред неколку месеци се преселил од скопската населба Ѓорче Петров во Аеродром, во близина на Цементарница Усје.
Станот го купиле уште пред неколку години, но семејството започнало да живее таму во октомври минатата година откако нивната ќерка тргнала на училиште.
Токму тогаш, вели тој, почнал да ја чувствува разликата во загаденоста на воздухот меѓу овие два дела на градот.
Кога еден ден при влезот во Аеродром забележал „густа магла“ што ја прекривала населбата, застанал на бензинска пумпа и прашал што се случува...