Кога зимата е сурова, хуманоста стоплува: Помош за бездомниците во Центарот во „Момин поток“
Расте бројот на бездомници во Скопје, кои според проценките на Црвениот крст, ги има околу 500 до 600. Од нив, 160 добиваат помош и поддршка во Центарот за дневен престој на бездомници лица на Црвен Крст.
Центарот кој се наоѓа во Момин поток им нуди на бездомниците оброк, напитоци, облека, лекови, лекарска и психолошка поддршка. Сето ова, веќе 13 години таму го добива и скопјанецот, Таир Даут.
„Направив убава куќа во Железара, но по разводот со сопругата, куќата ѝ ја оставив нејзе. Барем тие да имаат каде да живеат.