„Тела зад секој автомобил“: Сведоштва за убиствата во иранските градови
Во индустриските и станбените предградија на централната иранска покраина Исфахан, тројца очевидци опишаа сцени на извонредно насилство за време на неодамнешниот бран антирежимски протести.
Во интервјуа за Радио Фарда/РадиоСлободна Европа очевидците рекоа дека делови од раширените предградија и сателитските градови на покраината сега личат на воени зони - споредливи како што велат, со градовите уништени по окупацијата за време на Иранско-ирачката војна во 1980-тите.
Откако властите започнаа крвава...