Грипот најзастапен кај децата, најмалото хоспитализирано е бебе од три недели
Празничните собири си го „земаа данокот“, оставајќи му на грипот простор за да се прошири меѓу населението. Од 5 до 11 јануари, заболеле вкупно 2.322 лица, за разлика од неделата претходно кога бројот на заболени беше 1.725, според статистиката на Институтот за јавно здравје.
Инциденцата е најголема кај децата кои уште и пред крајот на минатата година почнаа да изостануваат од училиште поради симптомите на грип.
Меѓу нив, и детето на скопајнката Ирена. К. во чиј клас од вкупно 23 деца, еден ден отсуствувале...