Минималната плата заглавена меѓу трошоците, барањата и можностите
Со години не сум добила ни денар повеќе од минимална плата - речиси сум пред пензија, имам 30 години работно искуство зад себе, високо образование - дипломиран историчар, а не можам да дојдам ни до 30.000 месечен приход, вели 59-годишната Милена И. која работи како дистрибутер на кондиторски производи во приватна компанија.
Таму е шест години, откако се затворила фирмата во која работела во администрација.
„Кога во 2022-та се зголеми минималната плата на 22.000, газдата ни даде толку, колку што беше минималецот.