Задолжување од една милијарда евра: За власта успех, за опозицијата „приказна за нужда“
Министерството за финасии ја реализираше аукцијата за издавање на 10-тата еврообврзница, а задолжувањето ќе се реализира преку две транши од по 500 милиони евра, со рок на доспевање од четири и од осум години.
Ова денеска го соопшти ресорната министерка, Гордана Димитриеска Кочоска откако вчера, Министерството информираше дека еден час по објавувањето на почетните каматни стапки, побарувачката од инвеститорите достигнала две милијарди евра.
-Пред отворањето на американскиот пазар, книгата на инвеститори достигна дури три милијарди евра...