Над шест илјади странски работници лани добиле дозволи во Северна Македонија
Вкупно 6.128 странски работници добиле дозволи за привремен престој во Северна Македонија. Тоа е за три и пол пати повеќе отколку пред пет години кога поради работа во земјава дозволи добиле 1.704, покажуваат податоците што Радио Слободна Европа (РСЕ) ги доби од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Најголем интерес за вработување на странци, според мислењата што ги издавала Агенцијата за вработување од 2020 до сега, има во градежништвото, преработувачката индустрија, сместувањето и послужувањето храна, како и трговијата на големо и мало.