Повторени локални избори: Две градоначалнички места за НАИ, по едно за ВМРО-ДПМНЕ и за ДП на Турците
Коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ) ги освои градоначалничките места во Гостивар и Врапчиште, на денешните повторени локални избори, кои освен во овие две општини, се одржаа и во Маврово-Ростуша и Центар Жупа.
Кандидатот на коалицијата предводена од ДУИ, Ваљбон Лимани го победи кандидатот на Коалицијата ВЛЕН, Невзат Бејта во Гостивар каде денеска гласале 30,44% од граѓаните со право на глас.
Другиот кандидат со кој НАИ настапи на овие локални избори, Исен Шабани победи во Врапчиште, каде одзивот беше 32,37%.