Бадникови поворки 2026: Радост и заедништво низ земјава и во дијаспората
Носејќи ја Божиќната ѕвезда и пеејќи ја „Вечниот бог“, неколку илјади деца денеска (6 јануари) ја формираа Бадниковата поворка низ повеќе градови во државата. Оваа манифестација се одржува во повеќе од 80 градови и населени места низ државава, како и меѓу македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и САД.
Точно на пладне, во 12:00 часот, оформената бадникова поворка пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, тргна од Музејот на Град Скопје и движејќи се по улица „Македонија“, пристигна на плоштадот „Македонија“...