Врнежите предизвикаа поплави во неколку градови на Косово
Хидрометеоролошкиот институт на Косово (ХМИК) соопшти дека во неколку градови, главно во западниот дел на земјата се предизвикани поплави поради врнежи.
ХМИК нагласи дека континуираните врнежи во текот на неколку дена на места како што се Ѓаковица, Јуник, Дечани, Малишево, Ораховац и Клина предизвикале излевање на реките и потоците од коритата.
„Се очекува овие врнежи, со различни интервали и интензитет, да продолжат и во наредните денови, што ќе доведе до локални поплави, проблеми во комуникацијата...