Зошто Вучиќ не распишува вонредни избори?
До скоро редовна практика, но сега владата во Србија гледа вонредни парламентарни избори во иднина.
Можеби напролет, можеби за една година.
Вака реагира српскиот претседател Александар Вучиќ, кој доаѓа од владејачката Српска напредна партија (СНС), на барањето на студентите во блокада.
Политикологот Дејан Бурсаќ за Радио Слободна Европа изјави дека постои проблем ако СНС, која ја нарекува „изборна машинерија“, не оди на вонредни избори, иако отсекогаш го правела тоа.
„Тој проблем се вика - тие не можат да ги добијат изборите“...