Егзотични животни на продажба - Криминал што ретко кој го гледа
Егзотични животни како лама, лемури, ној, африканска коза и мајмунче се појавуваат во објави на социјални мрежи за продажба или пак како дел од амбиентот на неколку ресторани во Северна Македонија. На социјалните мрежи може да се најдат и продавачи на фазани, еребици и разни видови на птици.
Ваквите фотографии на кои се забележуваат ниските стандарди на чување на овие животни алудираат на шверц со диви животни кој што во светски размери, особено по европски закони спаѓа во сериозно кривично дело.