Запленети над 40 илјади парчиња пиротехника на граничниот премин Блаце
Во акција на мобилен царински тим, Царинската управа заплени 40.872 парчиња пиротехнички средства – петарди и огномети, кои претставуваат ризик по здравјето и безбедноста на граѓаните.
Како што информираат од Царинската управа, сторителот е македонски државјанин од Гостивар, против кого е поднесена кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи, казниво по Кривичниот законик.
Случајот бил откриен на граничниот премин Блаце, при контрола на возило со швајцарски регистарски таблички.