„Многу се надевам, секој ден се надевам...“ - 200 пациенти чекаат орган, без донори нема живот
Пациентите на кои им треба бубрег се најбројни на листата на чекање органи. Поголемиот дел од околу 1.600 пациенти на дијализа чекаат трансплантација на бубрег од починат дарител - некои со децении, а некои никогаш не дочекуваат. Во 2025 година, семејствата на тројца донори се согласиле да ги донираат органите.