Изгласан новиот Закон за Судски совет
Собранието денеска во рамки на 79. пленарна седница со 73 гласа „за“и еден „воздржан“ го донесе Законот за Судски совет.
Главната цел на законските измени е да ги отстранат досега утврдените слабости во постојната правна рамка и да обезбедат пофункционален, транспарентен и отчетен Судски совет.
Клучни новини кои се предвидени со Законот се: јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет, прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“ и воведување јавна расправа...