Вучиќ најави отстранување на „Ќациленд“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека отстранувањето на „Чациленд“, шаторскиот камп пред српското Собрание, ќе започне во недела навечер, што треба повторно да го овозможи сообраќајот низ една од централните улици во Белград по неколку месеци блокада.
За време на поставувањето камен-темелник на зградите на Министерството за одбрана и Генералштабот во општина Бањица во саботата, Вучиќ изјави дека наместо шаторот, пред Собранието ќе се направи „прекрасно божиќно село“, по што сообраќајот наскоро ќе биде повторно воспоставен...