Над 10 илјади турски граѓани побарале македонско државјанство
Животот во Турција стана и политички претежок, но и прескап за едно семејство, полесно ми беше да се преселам тука и да побарам македонско државјанство, објаснува 28 годишниот Бенк Бинѓул, за Радио Слободна Европа. Тој веќе неколку месеци работи како менаџер во скопско кафуле во сопственост на турски бизнисмени.
Веќе две години изминале откако од Анталија се преселил со неговата сопруга Македонка во Скопје. За тоа добил дозвола за престој, а пред месец дена започнал со процедура за македонско државјанство.