ДЗР: Исти лица преку повеќе фирми добивале средства за проекти од Фондот за иновации
Фондот за иновации и технолошки развој нема воспоставено механизам за систематско и сеопфатно следење на постигнатите резултати од поддржаните проекти по нивното завршување, објави денеска (25 декември) Државниот завод за ревизија, соопштувајќи ги резултатите од извршената ревизија за 2024 година.
Ревизорите утврдиле дека Фондот за иновации и технолошки развој не врши ниту длабинска деловна и финансиска анализа на проектите за кои овозможил поддршка.
-На крајот на известувачкиот период искажува неподмирени обврски во износ од 13.863.000 евра...