Гаши апелира што побрзо да се избере Народен правобранител
Претседателот на Собранието Африм Гаши апелираше до пратеничките групи да се изнајде политичка волја и во Собранието да се избере народен правобранител. На денешната средба со новинарите тој кажа дека лично ќе се ангажира да се најде решение за ова прашање, бидејќи станува збор за важна институција и оти е недозволиво толку долго да нема прв човек.
„Што се однесува до процедурата ние сме направиле се таа да тече нормално, но затекнати сме со политичката волја на полтичките партии. Знаете дека треба...