Спиропали: Силно го поддржуваме европскиот пат на Северна Македонија
Албанија го поддржува европскиот пат на Северна Македонија, не само поради тоа што двете земји се партнери, туку затоа што Македонија со јаки институции е сигурност за целиот регион. Ова е пораката на инистерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во прва официјална посета на земјава.
„Овој процес не го гледаме како натпревар меѓу земјите кандидатки, туку како пат кој го одиме заеднички, како дестинација која е неизбежна и приородна припадност на нашите народи.