Конгрес на ДУИ: Ахмети бара Национален договор за напредок
Опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) го одржа петтиот конгрес на партијата, од кој лидерот Али Ахмети испрати неколку барања: секоја нова Влада да се избира со двојно мнозинство (таканареченo Бадентерово мнозинство), истиот принцип да се применува и при носење одлуки во Уставниот суд, целосен ветинг со меѓународен надзор за сите носители на јавни функции во последните 34 години и Национален договор за напредок.
Принципот на т.н. Бадентерово мнозинство беше воведен со Охридскиот рамковен договор во 2001 година...