Грчките земјоделци со нови блокади го засилуваат притисок врз власта
Земјоделците од Грција од денеска, 8 декември, ги засилуваат своите активности со дополнителни блокади откако веќе една седмица со трактори на различни локации низ земјата го стопираат сообраќајот.
Во моментов има над 20 локации со блокади, а меѓу нив се и граничните премини како кон Северна Македонија, така и кон Бугарија и Турција. Со стотици трактори, изминативе денови тие повремено ги затвораат граничните премини, секој ден во различен период.
Блокадата на најфреквентниот граничен премин кон Северна Македонија...