Предизборна трка во Косово – доминираат навредите, програмите во сенка
Навредливите и погрдни термини, како што се „ајван“, „човек од Србија“, „продадени“, „хибриди“, „политичка секта“ и други, станаа дел од вокабуларот на речиси сите поголеми политички партии во Косово.
Таквиот јазик, кој политичарите го користат јавно со години, го достигна својот врв пред предвремените парламентарни избори на 28 декември, велат претставници на граѓанското општество, аналитичари и експерти за социјално однесување и медиумите.
Официјалната кампања започнува на 17 декември, но политичките партии веќе ги започнаа своите активности...